Мексиканската полиција соопшти дека новинар кој управувал со локален информативен сајт бил убиен во сојузната држава Веракруз.
Во соопштението се вели дека Леобардо Васкес е пронајден мртов кон крајот на минатата ноќ во градот Гутиерес Самор, кој се наоѓа во област позната по активностите на картелот.
Сопругата на Васкес изјавила дека слушнала истрели и го пронашла сопругот на штандот, на кој пред куќата продавал такоси.
Веб-страницата што ја водеше Васкес се занимавала со општи вести и криминал во овој крајбрежен град. Работел на неколку други медиуми порано.
Тој е најмалку втор новинар убиен во Мексико оваа година. Минатата година во таа земја беа убиени десет новинари.
Мексиканската Национална комисија за човекови права го осуди убиството, а според неговите податоци во државата Веракруш, од 2000 година се убиени 22 медиумски работници, со што Веракруш е најопасно место за новинарите во Мексико.
Извор:cdm









