Седум лица биле ранети утринава во експлозија што одекнаа во конвојот на возила во кој бил и палестинскиот премиер Рами Хамдалах во текот на посетата на појасот Газа.
Според првичните извештаи на безбедносните извори и очевидци, Хамдалах не е повреден, објави Франс прес.
Тој требало да присуствува на претходно планиран настан, објавија израелските медиуми.
Палестинската власт веднаш го обвини Хамас за експлозијата, пренесоа израелските медиуми.
Хамдалах пристигна во Појасот Газа од Западниот брег со шефот на палестинската разузнавачка служба, Маџад Фараџа. Посетата наводно била планирана пред пет месеци, со цел отворање на пречистителна станица за вода, финансирана од палестинската власт на палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Хамдалах, исто така, дошол да разговара со високи претставници на Хамас во врска со преговорите за помирување со поумерената секуларна Фатах на Абас.![]()
Експлозијата одекнала откако конвојот го преминал граничниот премин Ерез од Израел и влезе во појасот околу 200 метри. Шефот на разузнавачката служба, исто така, не бил повреден во инцидентот.
Извор:shehabnews








