Одиграно е големото дерби на грчкото првенство, а натпреварот не беше завршен откако на екипата од Солун и беше поништен гол во 90-тата минута од средбата.
ПАОК ја чека титулата 33 години и изгледало дека ова сезона титулата на крајот би можела да заврши во нивната витрина, доносно дека ќе заврши на Тумби.
Потсетуваме, пред две кола на Тумби свој дуел требаше да одиграат ПАОК и Олимпијакос, меѓутоа средбата не се одигра бидејќи тренерот на екипата од Пиреите одглумил повреда. Навијачите на ПАОК го погодија со ролна тоалетна хартија, а тренерот на Олимпијакос глумел дека е тешко повреден.
Натпреварот беше забележан со резултат 3: 0 за Олимпијакос, а ПАОК во пресрет на натпреварот со АЕК имал 52 бодови, два помалку од лидерот АЕК. Кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши со резултат 0: 0 Варела за ерупција на стадионот Тумби во 90 минути постигнува гол. Солун за момент како да горел, меѓутоа судијата го поништил погодокот заради офсајд, бидејќи еден од играчите на ПАОК стоел на гол линијата во офсајд кога топката ја преминала гол линијата.
Наеднаш прославата се претвори во гнев, а на терен влетал и сопственикот на ПАОК Иван Савидис . Кој на појасот носел пиштол и ги барал судиите за да се пресмета со нив. Натпреварот беше прекинат, по што уследија нереди.
Ќе биде интересно да се види што ќе се случува во Грција по овој дуел, ама драмата сигурно нема да изостанува.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=d0jsUnIonAA[/embedyt]
Извор:РСА









