Дванаесетгодишниот Тарик од Индија има гигантски раце заради кои му е забрането да оди во секое училиште во областа, а децата и пријателите го избегнуваат.

Според зборовите на семејството на Тарик, тој самиот не може да се облекува, а селаните го нарекуваат ѓавол бидејќи веруваат дека неговите огромни раце се резултат на проклетство, пишува  “Mirror”.

– Тој имал големи раце од неговото раѓање. Сепак, како што растел, така и тие станувале сè поголеми. Додека неговиот татко бил жив, честопати одел кај лекар во обид да му помогне. За жал, неговиот татко починал и сега има само мајка и брат, па затоа не може да се обрати за никакви третмани – изјавила тетка на Тарик, Пушпа.

Постариот брат на Тарик, Харјан му помага и се обидува да му го олесни секојдневниот живот и да направи работи што ова мало момче не може да го направи.

“На Тарик му е многу тешко да ги извршува секојдневните задачи како што се туширање, облекување или јадење”, рекол Харгјан.

Лекарите сеуште не го идентификуваа нарушувањето од кое гоболедува овој млад Индијец.

За жал, Тарик секојдневно доживува  малтретирање од соседи и пријатели, а исто така не е пожелен и на училиште.

– На почетокот имав пријатели, но сега немам никого. Луѓето се плашат од моите раце. Сакав да одам на училиште, но тие ме одбија – се жали Тарик.

Во училиштето рекоа дека не можат да го прифатат Тарик за ученик, бидејќи неговите гигантски раце ги заплашуваат другите деца.

Семејството на Тарик нема пари за лекување и не може да си дозволи да оди во добра болница каде што неговата состојба би можела да се реши или барем да се доведе во ред.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=4e-Es79M0SY[/embedyt]

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here