Во источниот дел на Русија, во близина на градот Хабаровск, на брегот на реката Амур пронајдени се вреќи со 52 човечки дланки, пренесува Индекс, повикувајќи се на руските медиуми.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=FdURj6nZY0A[/embedyt]

Како што пишува Раша тудеј, деловите од рака (дланки) биле пронајдени од страна на локални рибари  откако еден од нив нагазил на отсечена рака која вирела од замрзнатото земјиште.

Рибарите ја повикале полицијата да го испита случајот.

И покрај шпекулациите на социјалните мрежи, полицијата објавила дека најверојатно станува збор за медицински остатоци кои се нелегално одложени.

Локалните медиуми шпекулираат дека рацете можеби припаѓаат на телата на неидентификувани лица. Имено, кога во мртовечниците ќе пристигнат луѓе кои имаат непознат идентитет, најчесто им ги отсекуваат дланките за да земаат отпечатоци од прстите.

Се претпоставува дека токму станува забор за таков случај, а ова теорија го поткрепува и фактот дека  недалеку од торбата пронајдени се и завои како и медицински заштитни налваки за чевли. Според законот, таквиот отпад мора да биде кремиран или закопан во специјални гробови.

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here