Снежно невреме во САД, откажани повеќе од 2.000 летови

by Administrator

Североисточниот дел на Соединетите Американски Држави денеска во голема мера беше под снег, па во текот на попладневните часови во областа биле откажано повеќе од 2.000 летови, каде што исто така стравува и од прекинување на електричната енергија за илјадници домаќинства.

Околу 525 летови до и од меѓународниот аеродром “JFK” беа откажани по пладнето, 650 летови од меѓународниот аеродром во “Newark и околу 600 од аеродромот “LaGuardia”, според податоците на страницата за пратење на летови FlightAware.

Исто така, биле погодени аеродромите во Бостон и Филаделфија, а таму биле откажани околу 20 проценти од летовите.

Агенцијата која ги надгледува трите аеродроми во Њујорк изјави дека секој од нив има подготвено полски кревети, ќебиња, пелени и млеко за деца.

Меѓу 20 и 33 см снег се очекува во Њујорк во текот на денот и до 50 сантиметри во руралните области на Њујорк, Њу Џерси и Конектикат, пренесе Националната метеоролошка агенција (NWS).

Јавните училишта и јавните служби работат нормално, но гувернерот на Њу Џерси Фил Марфи во вторникот вечерта го објавил затворањето на училиштата и прогласи вонредна состојба.

Невремето го поремети и железничкиот сообраќај, а националната компанија Амтрак објави дека линии на возови кои го поврзуваат Вашингтон и Бостон се откажани.

Новата бура доаѓа само неколку дена по огромна бура што зеде најмалку пет животи во истата област.

Извор:cdm

You may also like

Leave a Comment