Два грчки војници, кои патролирале на границата со Турција, ја изгубија својата ориентација и влегле на територијата на соседната земја, каде што биле приведени од страна на турската армија, соопшти Генералштабот на грчката армија.
Грчките војници се добро и здрави, “немаше борби, и тие во моментов се наоѓаат во Едирне, пограничен град на северот на Турција”, изјавил портпаролот на грчката армија, Николаес Фанијос.
Инцидентот се случи во четвртокот попладне во близина на реката Марице (Еврос), која ги дели двете земји. Временските услови биле толку лоши така да војниците кои биле вооружени ја изгубиле својата ориентација, соопшти Генералштабот на грчката армија, додавајќи дека Министерството за надворешни работи работи на нивно враќање.
Грција и Турција, две земји членки на НАТО, се соочуваат со тензии во последниве месеци поради сложените односи на Турција со Европската унија и неодамнешните изјави на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој се противи на експлоатацијата на грчките гасови во кипарските територијални води.
Извор:cdm









