Втор ден по ред, израелските борбени групи бомбардираат палестински објекти во близина на Рафах, на југоисток од Газа, објавил дописник она палестинската новинска агенција ВАФА.

Тој наведил дека израелските авиони извршиле воздушен напад по теренот на уништениот меѓународен аеродром во појасот Газа, источно од Рафах, создавајќи длабоки дупки во полето, но не и жртви. Тој додал дека израелските борбени авиони ниско го надлетувале појасот Газа во текот на ноќта, испуштајќи термо-балони.

Израелската армија тврди дека нападот е одговор на испалување на ракета од појасот Газа, која паднала на погранично подрачје, не предизвикувајќи жртви или оштетувања.

Ова е втор израелски напад во изминатите 24 часа. Двајца палестински тинејџери биле убиени во нападот во неделата.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here