Дубаи го отвори највисокиот хотел на светот, висок 356 метра.

Хотелот Гевора кој се наоѓа во Авенијата Шеик Зајед, за еден метар повисок е од досега највисокиот хотел во истата улица.
Претходниот хотел – рекорд, висок 355 метра, е од ланецот Марриот, и самиот тој го собори рекордот по висина кој го држел друг хотел во истиот кварт. Тоа е хотелот Rose Rayhaan од ланецот Rotana, висок 333 метра.
Најновиот хотел Гевора представува кула со златна боја со 75 катови. Има четири ресторани, базен,луксузен спа центар и гимнастичка сала. Првите гости пристигнуваат денес.
Дубаи ја има и највисоката кула на светот, Бурж Калифа, со 838 метра. Властите започнаа со изградба на нова уште поголема кула, чија висина ја држат во тајност, да не ги претекне конкуренција.
Градот-држава Дубаи, една е од главните турситички дестинации на Заливот, а минатата година имаше рекорден број од 15,8 милиони туристи, 6,2 повеќе од 2016 година.















