Бегалци од Африка, кои во моментов се наоѓаат во Израел, одржаа протести во израелскиот главен град, Тел Авив, пренесе Агенцијата Анадолу (АА).
![]()
Бегалците, од кои повеќето се државјани на Руанда, Судан и Еритреја, одржаа протест пред зградата на амбасадата во Руанда откако израелските власти донесоа одлука за нивна депортација.
Насобраните носеле транспаренти, на кои пишувало : “Дали Црнците нешто му значат на Израел?”, “Стоп за расизамот” и “Црнец или белец, и јас сум човек!”
Според неодамнешната одлука на израелските власти, бегалците, главно од Еритреја, Руанда и Судан, кои нелегално влегле во Израел, ќе бидат депортирани.
Израелската влада им поставила ултиматум, нудејќи им можност да ја напуштат земјата до 1 април, во замена за 3500 долари и авионски билет или во спротивно ќе се соочат со неограничен притвор во таа земја.
![]()
![]()
Извор:Faktor










