Зградата на трговската мисија во Дамаск денеска била нападнат со бомба, објави Министерството за надворешни работи на Русија, наведувајќи дека немало повредени, но објектот бил тешко оштетен.
“Апсолутно го осудуваме овој напад, уште еден во низа терористички напади врз дипломатски згради на Русија во Дамаск”, објави Министерството, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека зградата била цел на минофрлачки напад, објави Спутник.
Министерството ја осуди милитантната акција и апелираше до меѓународните и регионалните партнери објективно да го проценат бомбардирањето.
Извор:cdm









