Руски борбен авион соборен е во провинцијата Идлиб во Сирија, а пилотот погинал, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Според прелиминарните резултати од истрагата, авионот бил соборен од проектил на рачен ракетен фрлач.
Пилотот го преживеал падот, но починал за време на борбите со бунтовниците на теренот.
Во соопштението се наведува дека Русија и Турција, кои се гарант за мирот во зоната за деескалинација на Идлиб, ги преземнаат сите можни напори за да стигнат до телото на убиениот пилот.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=4QhZWC79cls[/embedyt]
Извор:(Vijesti/ SRNA)









