Џонсон: Нема нов референдум за независност на Шкотска

by Administrator

Британскиот премиер Борис Џонсон упати порака до шкотската лидерка Никола Стурџен дека ќе нема нов референдум за независност на Шкотска. По убедливата победа на Конзервативната партија на вонредните парламентарни избори во Велика Британија, тој истакна дека мора да се почитува резултатот од претходното изјаснување на граѓаните во 2014 година.

Британскиот премиер јасно стави до знаење дека е против втор референдум за независност, поддржувајќи го мнозинството луѓе во Шкотска кои не сакаат да се вратат на поделбите и независноста, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Џонсон, исто така, додаде дека резултатот од референдумот од 2014 година бил одлучувачки и дека треба да се почитува.

Фото: express.co.uk

„Народот на Шкотска го кажа своето. Сега е време да одлучиме за својата иднина“, рече Стурџен откако нејзината Шкотска национална партија го зголеми бројот на пратенички места во британскиот Парламент, пренесоа британските медиуми.

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) Никола Стурџен вчера изјави дека сега е време земјата да одлучи за својата иднина и дека нејзината администрација следната недела ќе ги отвори правните процедури за распишување референдум за независност.


NovaTV / Dubai-Portal

You may also like