Љубов кон автомобилот „Хаџи Мурат“: Во модификацијата вложил 8.000 евр

by Administrator

Омер Фарук Јилмаз од турскиот град Анталија ја негува љубовта што ја наследил од својот татко за автомобилот наречен „Хаџи Мурат“. Станува збор за моделот Fiat 124 кој е произведен и комерцијализиран во Турција под името Murat 124.

Турската автомобилска компанија TOFAŞ започна со производство на автомобил во 1971 година, именувајќи го по османлискиот султан Мурат I.

Јилмаз раскажа како инвестирал околу 150.000 лири (околу 8.000 евр) за да го измени автомобилот, кој го вози само еднаш неделно.

– Купив некои делови од Италија, се обидов да го вратам во првобитната состојба. Го возам само еднаш неделно. Уживам да возам Хаџи Мурат, поновите автомобили не ми го даваат истото задоволство, изјави Јилмаз. Својот „Хаџи Мурат“ го добил пред две години, благодарение на галеријата за автомобили што ја има во општина Аксеки, а го купил од првиот сопственик кој го донел овој автомобил во општината во 1976 година.

– Процесот на модификација започна пред година и пол. Научив дека има мајстори во Коња и Сејдишехир кои се најпознати во овој бизнис. Го возев до нив, за на крајот од процесот да го добие автомобилот во првобитната состојба, изјави Јилмаз. Тој раскажа како го поминал детството со автомобилите наречени „Хаџи Мурат“, кои татко му ги препродавал.

Тој истакна дека „Хаџи Мурат“ за него претставува „љубов наследена од неговиот татко“ токму поради неговите сеќавања со неговиот татко. Тој рече дека низ цела Турција има многу љубители на овој автомобил, кои често го контактираат за да купат, но додаде дека не планира да го продаде својот омилен автомобил.

Извор:Balkannews

You may also like