Јапонија: Вонредната состојба се укинува на крајот на месецот

by Administrator

Јапонската влада ја разгледува одлуката да не ја продолжи вонредната состојба воведена поради ширењето на коронавирусот, која е во сила до четврток во 19 префектури. Така, за првпат од почетокот на април, Јапонија може да ја укине вонредната состојба, како и таканаречените „квази итни мерки“, воведени пред почетокот на Олимписките и Параолимписките игри. Според јапонскиот весник Јапонија тајмс, премиерот на Јапонија ќе ја објави официјалната одлука во вторник навечер по локално време по состанокот со експерти од областа на заразни болести.

Досега ниту една од 19 -те префектури не побара продолжување на вонредната состојба, пренесува АА. – Се чини дека владата ќе успее да ја укине вонредната состојба како што беше планирано на крајот на месецот, рече министерот за здравство Норихиса Тамура за време на телевизискиот настап. Можното укинување на вонредната состојба доаѓа во време кога бројот на лица заразени со коронавирусот континуирано се намалува, додека властите се обидуваат да ја заживеат економијата.

You may also like