Ѓоковиќ повторно уапсен, му се заканува депортација

by Administrator

Неполни два часа откако судот одлучи да ја поништи одлуката на властите да му биде укината визата на Новак Ѓоковиќ, локалните политичари повторно се закануваат, јавуаваат српските медиуми.

Според австралиските медиуми кои се во контакт со таткото на Новак Срѓан, Ѓоковиќ бил уапсен веднаш откако го напуштил судот!

Новинарката Ксенија Павловиќ Мекатир објави дека разговарала со Срѓан Ѓоковиќ на телефонска линија, а тој ѝ рекол дека Новак е уапсен и покрај пресудата во негова корист. Австралиските власти сакаат да го депортираат по секоја цена, смета Павловиќ Мекатир.

Утрово, федералниот суд донесе одлука Ѓоковиќ веднаш да биде пуштен на слобода, затоа што властите неосновано му ја укинале визата и го сместиле во притвор. Но, дали Ѓоковиќ ќе остане на слобода во Мелбурн или пак ќе биде депортиран од државата наскоро ќе се дознае

NovaTV

 

You may also like