Шест загинати во авионска несреќа во Америка (ВИДЕО)

by Administrator

Два авиони се судрија во воздух за време на аеромитингот „Вингс над Далас“ во саботата. Еден од авионите бил бомбардер Б-17, а другиот засега е непознат. Тие летале над аеродромот кога се случила несреќата.

Очевидци велат дека остатоците се расфрлани по автопатот во Тексас. На видеата кои се појавија на мрежите се гледа црн чад по падот на авионот. Се стравува дека во сударот загинале шест лица.

 

You may also like