Пакистанскиот новинар Саид Хусаин кој исчезна пред два месеци во Шведска бил пронајден мртов во река, соопшти шведската полиција. Телото на Хусеин е пронајдено на 23-ти април во реката Фирис во близина на градот Упсал, изјави портпаролот на полицијата Џонас Еронен, пренесува „Гардијан“. Хусеин, кој беше уредник на порталот „Балочистан Тајмс“, исчезна на почетокот на март.
Портпаролот на полицијата изјави дека убиство не може целосно да се исклучи, но додаде дека смртта на Хусеин би можела да биде или несреќа или самоубиство. Тој рече дека обдукцијата ќе покаже „дали тој бил жртва на кривично дело“.
Хусеин (39), избегал од Пакистан во 2012 година, откако добил закани поврзани со неговото известување и живеел во егзил во неколку земји пред да побара азил во Шведска во 2017 година.Покрај тоа што пишува за злоупотреби на човековите права во Пакистан, тој исто така известуваше за организиран криминал и трговијата со наркотици.
Во 2019 година, Пакистан се рангираше на 142-то место од 180 земји во индексот за слобода на печатот на меѓународната организација „Репортери без граници“.
R.S.E
