Шамар за Трамп: Канаѓаните ја бојкотираат американската роба, откажуваат одмори

by Administrator

Канаѓаните застанаа во одбрана на својот премиер Џастин Трюдо, откако вербално бил нападнат од американскиот претседател Доналд Трамп по повод тарифит за челик и алуминиум. Канаѓаните одговориле со повик за бојкот на американските стоки и го откажување на нивните одмори во САД.

Купувачите на тој начин започнаа да го избегнуваат Кентаки Бурбон, виното од Калифорнија и Флорида и ги избегнуваат американските компании како Старбакс, Валмарт и Мекдоналдс, објави канадската новинска мрежа за вести.
На Твитер, хаштазите како #BuyCanadian, #BoycottUSProducts и #BoycottUSA се шират додека растат тарифите на Трамп.
Жител на Отава објави кошница полна со канадски производи, додека патниците велат дека ќе останат на север ова лето, наместо да резервираат патување во САД.

“Ф.К. Трамп. Штотуку резервиравме одмор 3.000 долари во прекрасната Британска Колумбија. Среќна годишнина за нас. # Canadastrong #BuyCanadian # F *** тарифи “, твитувала една канаѓанка.

Корисник на Твитер ги повика “Американците патриоти” да резервираат одмор во Канада и да го зголеми купувањето на канадски производи.

Трудо покажа дека знае како да ги поддржи индивидуалните Канаѓани за време на митингот во парламентот претходно оваа недела.
“Во последните неколку дена постои патриотски бран”, рече тој.

Вербална конфронтација меѓу Трамп и Трудо се појави откако Трамп минатата недела изјави дека ќе наметне даноци за увоз на челик и алуминиум.
Ситуацијата ескалираше за време на викендот на економскиот состанок на Г-7 во Квебек, кога Трудо на прес-конференција изјави дека Канада нема да биде присилена на одлуките на САД а тарифите ги нарече како “навредливи”.
Трамп ги слушнал забелешките и го нарече Трудо “многу нечесен и слаб”.

Извор:cdm

You may also like