33
АНКАРА (AA) – Гласноговорникот на владејачката турска Партија на правдата и развојот (АК Партија) Омер Челик изјави дека претседателот на Франција Емануел Макрон треба да му се постави прашањето што неговата земја прави во Мали и во другите африкански земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На Макрон треба да му се постави прашањето: Што вие правите во Мали или што правите во другите земји во Африка? За што служат операциите кои ги спроведовте без резолуција на Обединетите нации”, рече Челик.