Чавушоглу: „Нема да ги оставиме муслиманите Рохинџа на нечија судбина“

by Administrator

ЊУЈОРК (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека нема да ги остават муслиманите Рохинџа на нечија судбина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во рамки на 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се одржа онлајн состанок на високо ниво во врска со состојбата на муслиманите во Аракан.

Чавушоглу преку својот профил на Твитер објави коментар во врска со тоа.

„Треба да продолжат работите за доброволно, безбедно, чесно и одржливо враќање на Рохинџите“, рече Чавушоглу.

„Никогаш нема да ги оставиме муслиманите Рохинџа на нечија судбина“, додаде шефот на турската дипломатија.

Anadolu Agency

You may also like