Поранешниот фудбалер на Барселона Чави Ернандез смета дека не е добра идејата каталонскиот клуб да ги донесе Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал или Садио Мане од Ливерпул. Тој вели дека тоа се квалитетни фудбалери, но смета дека нема да можат да се адаптираат на стилот на тренерот Кике Сетиен.

„Мане и Обамејанг можат да те убијат акo пред себе имаат широк простор, но Барселона има потреба од играчи кои знаат како да се движат на мали растојанија. Не е лесно да се најдат играчи кои ќе одговараат на стилот на Барса. Самуел Ето беше одличен, исто како сега Луис Суарез“, вели Чави кој го прокоментира евентуалното враќање на Нејмар на „Ноу Камп“.

„Според мене тој е во топ 5 во светот. Се надевам дека ќе се врати во Барселона. Тој е позитивен карактер и ќе допринесе многу за клубот“, додаде некогашниот ас на Барселона, а неодамна и кандидат за тренер но не ја искористи можноста.

Sportmedia