Црна Гора: Приведен владика и свештеници на СПЦ, поради организирање на литија

by Administrator

Обвинителството во црногорскиот град Никшиќ утрово им изрече 72-часовен притвор на епископот на Српската православна црква, Јоаникие, и на уште седуммина свештеници, откако синоќа беа успасени за организирање литија во Никшиќ, со што ја прекршиле владината забрана за организирање масовни собири поради епидемијата на коронавирусот.

Фотографија од литијата во Никшиќ предводена од епископот на СПЦ, Јоаникие

„Со овој верски собир, Српската православна црква ја прекрши одредбата за забрана на организирање собири. Сите кои не се придржуваа до ветувањата дадени на полицијата ќе сносат одговорност и последици“, изјави директорот на црногорската полиција, Веселин Вељовиќ.

Митрополитот на СПЦ Амфилохие и Јоаникие ја предводеа традиционалната литија по улиците на Никшиќ по повод денот на Свети Василиј Острошки, во која учествувале илјадници граѓани. Според Амфилохие, молитвата требало да се одржи во црква, но „кога виделе колку верници се собрале, решиле да не се откажат од прошетката“.

You may also like