Црногорската влада одвои 70.000 евра помош за Исламската заедница во Црна Гора.
Како што се наведува, на денешната седница било одлучено парите, меѓу другото, да се користат за набавка на потребни средства за дезинфекција и опрема за погреб на починати од коронавирусот, во согласност со исламската традиција.
– Помошта е исплатена по предлог на Министерството за човекови и малцински права. Парите ќе бидат наменети и за реновирање на радио опрема и обука на техничка инфраструктура неопходна за воспоставување и одржување на радиофреквенцијата на Радио Фатих – радиото на Исламската заедница во Црна Гора – се наведува.
Владата исто така помага во финализирање на инфраструктурните работи и опремување на ентериерот на објектот „Центар за млади“ во Стара Варош, како и канцеларискиот дел од објектот каде што ќе се наоѓа кабинетот на Реис на Исламската заедница и администрацијата на Мешихат. Парите се наменети и за завршување на градежните работи и опремување на објектот во комплексот мадреса „Мехмед Фатих“, наменет за медицинска болница со амбуланта за студенти од медреса, со цел да се спречи ширењето на заразни болести.
