Управувани од цените на горивото, како и други мерки од страна на француската влада, некои демонстранти се фокусираа на скапи автомобили на улиците на Париз.
Дури и оправданите социјални немири можат лесно да склизнат во хаотично однесување, сведочат овие денови слики од улиците на Париз и други француски градови.
Полу празни излози, ограбени продавници и запалени возила се само некои од негативните последици од демонсрациите на “жолтите елеци”.
На Интернет се појави и видео кое покажува група луѓе како превртуваат и уништуваат Porsche 911 кабриолет.
https://youtu.be/BMrvS5VahSk
На друго, подолго видео кое се појави од улиците на Париз на крајот, може да се види како гори скапоцен Mercedes-AMG GT S.
Уште едно видео прикажува вандалите кои се окомија на постарата генерација на Range Rover Sport со дипломатски таблички.
https://youtu.be/kt4hP56DHUA
Не само скапите автомобили се јадоа на мета на демонстрантите. Медиумите известуваат дека за време на протестот, биле оштетени или изгорени, и многу “обични” возила кои се затекнале на патот на разјарената маса.
https://youtu.be/ey3YRkeOkTE
