Фудбалерите на Баерн започнаа со тренинзите за продолжување на сезоната во Бундес лигата

by Administrator

Фудбалерите на Баерн започнаа со тренинзи за продолжување на сезоната во германската Бундес лига.

Баварскиот клуб е првиот европски гигант кој се врати на тренинзите во време кога пандемијата на вирусот „Ковид-19“ трае низ Стариот континент.

„Звездите на Баерн “ пристигна на тренинг кампот веднаш по 10 часот. Дојдоа одделно и влегоа еден по еден со одредено време, додека други чекаа во гаражата.

Фудбалерите излегоа на теренот во мали групи од не повеќе од пет члена и држеа растојание од 1,5 метри.

При што забрането било гушкање и ракување.

(Вијести.ба)

You may also like