Франција „стана“! прва: Неприфатливо е САД да и продаваат четири пати поскап гас на Европа!

by Administrator

На САД не треба да им се дозволи да доминираат на глобалниот енергетски пазар додека ЕУ ги трпи последиците од конфликтот во Украина. Ова го изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

„Конфликтот во Украина не смее да заврши со американската економска доминација и слабеењето на ЕУ“, изјави тој во понеделникот во францускиот парламент, пренесува Раша тудеј.

Ле Мер оцени дека е неприфатливо Вашингтон „го продава својот течен природен гас по цена четири пати повисока од онаа за американските индустријалци“, додавајќи дека „економското слабеење на Европа не е во ничиј интерес“.

„Мораме да постигнеме побалансирани економски односи, во однос на енергијата, меѓу американските партнери и европскиот континент“, рече тој. Пред конфликтот во Украина, Русија беше најголемиот снабдувач на гас за ЕУ, со учество од околу 45 отсто од вкупниот увоз на гас во блокот. Сепак, поради санкциите воведени кон Москва по нападот на Украина, испораките на руски гас во ЕУ значително се намалија. Соочени со енергетска криза, земјите од 27-члениот блок побрзаа да ги наполнат своите складишта за гас – нивото на резерви во нивните подземни складишта беше близу 91 отсто во понеделникот, според податоците на Гас Инфраструктура Европа. Објектите за складирање се претежно полни со течен природен гас (ТНГ) и моментално се на највисоко сезонско ниво од 2016 година, покажуваат податоците собрани од Блумберг.

You may also like