Вечерва официјално ќе започне „Ол-стар“ викендот во најсилната кошаркарски лига во светот, НБА.
Спектаклот во Шарлот ќе го најават ѕвездите во подем, кои ќе учествуваат во мечот помеѓу тимот на кошаркарите од САД и младите интернационалци во лигата. Во ростерот на странските играчи ќе биде и охриѓанецот Чеди Осман, кој настапува во екипата на Кливленд Кавалирс
Cedi Osman speaks at #MTNDEWICERisingStars Media Day! https://t.co/t4jIzQgQD6
— NBA (@NBA) February 15, 2019
Турскиот репрезентативец ќе го дели теренот со Лука Дончиќ кој би можел да добие повик и за главниот натпревар в недела, доколку на истиот нема да може да настапи Ентони Дејвис.

Во пресрет на натпреварот, 23-годишникот сподели фотографии од патиките со кои ќе настапи, а интересно на нив имаше место и за знамето на Македонија. На едната патика е нацртано македонското сонце, а на другата знамето на Турција, за чија репрезентација настапува Осман.
Ликот на патиките го изработи добро познатиот артист „Mache“.

фото:гол

