/ Фото / Гостите шокирани: Платиле 2100 евра за вечера, кај познатиот турски готвач

by Administrator

Турскиот готвач Нусрет Гокче, на социјалните мрежи попознат под името „Salt Bae“, поседува синџир ресторани, а популарста ја стекна благодарение на начинот на кој го зачинува месото.

Имено, откако ќе го исече бифтекот, Нусрет го посолува така што раката ја свиткува во лактот, па солта паѓа по целата негова подлактица, сѐ до месото. Токму тој карактеристичен потег го вивна меѓу ѕвездите.

Му донесе слава и милиони, па сега сѐ повеќе се нижат светските градови во кои Нусрет ги отвора своите ресторани. Во моментов има 17 ресторани, а неодамна беше отворен еден во Лондон, каде што луѓето беа шокирани од цените.

You may also like