ФИНГИРАНА ИГРА, ИЛИ РАСКОЛ: Зошто Бајден не може, или не сака, да го принуди Израел да прекине со огнот?!

by Administrator

Откако се усогласи со воените цели на Израел против Хамас, американскиот претседател Џо Бајден сега изгледа како заложник на премиерот кој јасно го стави својот политички опстанок пред односите меѓу САД и Израел, а можеби дури и пред најдобрите интереси на неговата земја.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху создаде мини-криза во односите меѓу двете земји поради воздржаноста на САД на резолуцијата за прекин на огнот во Советот за безбедност на ОН, ја критикуваше американската администрација и ја откажа посетата на висока израелска делегација на Вашингтон, авторот на текстот Арон Дејвид Милер наведува дека трпението на Бајден мора да е при крај.

Бајден му обезбеди на Израел поддршка која можеби ја надмина само поранешниот претседател Ричард Никсон за време на Арапско-израелската војна во 1973 година, а за возврат доби малку.

„Бајден не е заљубен во Нетанјаху, туку во идејата за Израел“

Постојат најмалку четири причини зошто Бајден можеби се двоуми да ја примени моќта што јасно ја има врз Израел, и зошто, дури и да го стори тоа, веројатно нема да функционира.

Прво, притисокот врз Израел не е во природата на Бајден. Поддршката на Израел е интуитивно прашање, додава тој.

„Бајден не е заљубен во својот пријател Нетанјаху, туку во идејата, народот и безбедноста на Израел. Сам меѓу американските претседатели, Бајден се смета себеси за дел од израелската приказна со емоционална посветеност засилена со децениската интеракција со израелските лидери и ангажманот во Сенатот, каде што да се биде добро со Израел се сметаше за добра политика“, пишува авторот.

Ставот на Бајден, дури и пред најекстремната влада во историјата на Израел, не е противење, туку прифаќање. Од сите точки на притисок со кои располага Бајден, онаа што тој најмногу би сакал да ја користи е ограничување или условување на воената помош за Израел, а камоли да ја запре.

Второ, каков и да е влогот на тековниот конфликт за САД, тие се покренати експоненцијално за Израел. А тоа значи дека без разлика колку е силен притисокот и убедувањето, Израелците се подготвени да возвратат на оние кои вршат притисок и убедување.

„САД веќе успешно извршија притисок врз Израел за време на големи кризи… но ниту една американска администрација или израелска влада не се соочи со околности како овие“, пишува авторот, истакнувајќи дека Израел се бори против Хамас речиси шест месеци.

„Тоа не може да се направи без соработка со Израел“

Понатаму, фактот дека Нетанјаху, со кого можеби имал работа Бајден, ја изгубил довербата на повеќето Израелци не значи дека Израелците се противат на суровата политика на премиерот во водењето војна против Хамас, или дека политичкиот естаблишмент е подготвен да се оддели од таа политика. . Бени Ганц, најверојатниот наследник на Нетанјаху, се уште е во воениот кабинет и е за операцијата Рафах. Освен тоа, Израелците не сакаат да ги прифатат ставовите на администрацијата на Бајден за решението со две држави. Бајден е исклучително популарен во Израел, но ниту една вербална војна меѓу него и Нетанјаху нема да ги убеди Израелците дека премиерот не е способен за функцијата.

На крајот на краиштата, најголемата пречка за значителен притисок врз Израел е очигледниот факт дека Бајден не може да ја деескалира војната во Газа, а камоли да ја прекине, без соработка со Израел. Бајден не може да ја смени владата во Израел. Нему му е потребен Израел за договор за заложници, единствениот пат што нуди каква било надеж за привремен прекин на огнот и деескалација. Израел треба да му обезбеди хуманитарна помош за Газа. Израел беше тој што ги обезбеди неодамнешните испораки на Светската централна кујна и ќе го стори истото кога ќе се отвори морскиот коридор изграден од САД.

Нему му е потребен Израел ако има какви било шанси да се најде начин да се спречи планираната кампања на Израел во Рафах, со потребата да се заштитат тамошните Палестинци, и ќе му треба Израел за какви било постконфликтни аранжмани што ќе се направат за Газа.

(ТБТ, Ф.П.)

You may also like