2
Израелските љубители на фудбалот на Јутјуб споделија песни кои содржат навредливи фрази за пророкот Мухамед, потврди Ајман Одех, лидер на Арапската обединета листа во израелскиот парламент (Кнесет).
– Фановите на фудбалскиот клуб Беитар Ерусалим неодамна објавија навредливи песни на пророкот Мухамед, а.с., на Јутјуб – рече Одех.
Според него, песните неодамна почнаа да стануваат популарни со „подемот на исламофобични стимулации во светот“. Потребно е од Google, кој е сопственик на YouTube, да брише навредливи песни. Песните доаѓаат заедно со растечката исламофобија во Франција, што се манифестира со објавување на навредливи карикатури на пророкот Мухамед, што предизвика бес во исламскиот свет.
