Денес три средни училишта во Рим – Висконти, Албертели и Енцо Роси – беа окупирани од ученици за да покажат солидарност со Палестина по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Овој знак на солидарност доаѓа откако минатата недела Факултетот за политички науки на Универзитетот Ла Сапиенца во Рим беше окупиран од пропалестински студенти.
– Студентите донесоа храбра одлука, со остри протести, да заземат став против се што се случува внатре и надвор од нашата земја – соопшти Студентското движење ОСА, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
– Во континуитет со Факултетот за политички науки, училиштата се окупирани во знак на солидарност со палестинскиот народ, во знак на протест против поддршката на нашата влада и универзитетските институции на Израел и против окупацијата на палестинската територија, која трае повеќе од 75 години – изјавија организаторите.
(Vijesti.ba / ФЕНА)
