Турската државјанка Ебру Озкан(Ebru Özkan) синоќа излезе од израелскиот окупаторски затвор после донесувањето на одлуката на воениот суд кој и пресуди условно ослободување. – пренесува Хуријет(Huririyet).
Адвокатот на Озкан, Омар Хамеса(Omar Hamesa), рече дека таа го напуштила затворот Хашарон(HaSharon) во близина на градот Натања(Netanya) придружувана од претставници на турската амбасада во Тел Авив(Tel Aviv).
Вчера во текот на денот Израелскиот воен суд Офер(Ofer) оддржа рочиште на кое 27 годишната Турчинка даде исказ, а по кратко време истиот ден е пуштена на слобода.

На 10-ти јули, судот донесе одлука, Озкан да биде ослободена со кауција од 15.000 илјади израелски сикли(околу 4.110 долари). Обвинителите поднесоа приговор на оваа одлука, но судот го отфрли.
На Озкан и е забрането да ја напушти земјата а одземен и е пасошот од страна на израелската полиција.

Анкара, пак, се жалат на апсењето на Озкан, ветувајќи дека ќе преземе соодветни чекори како одговор.
Нејзиниот адвокат Омар Хамеја, изјави дека е обвинета за барање да префрли пари и полнач за мобилни телефони на членовите на Хамас(Hamas), но таа не знаела за нивниот идентитет. Таа, исто така, беше обвинета за давање пет шишиња парфем на друг, наводно, Палестинец поврзан со Хамас.
извор: HurriyetDaily, DailySabah.
MD
