Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун ја повика Франција да се соочи со својата историја
Турција соопшти дека Франција треба да се соочи со злосторствата против човештвото кои што ги изврши на африканскиот континент.
Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун покажа остра реакција против Франција која во врска со настаните од 1915 година 24 април го прогласи за Ден на сеќавање на таканаречениот геноцид врз Ерменците.
Алтун потсети дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му одговори на францускиот претседател Емануел Макрон со изнесување на примери од извршен геноцид и окупација од француската историја.
Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун, информациите кои што ги изнесе претседателот Ердоган во врска со експлоатацијата и масакрите извршени од страна на Франција, ги сподели на својата сметка преку социјалната медија на англиски и француски јазик.
Алтун својата својата објава велејќи “во нашата историја не постои геноцид”, го напиша следното: “Макрон кој говори за соочување со историјата најпрвин треба да се соочи со злосторствата против човештвото кои што ги изврши неговата земја во Бенин, Буркина Фасо, Габон, Сенегал, Тунис и Чад.”
