Турција: Спасени тројца рудари од под урнатините на рудник во Амасија

by Administrator

Во подрачјето на Мерзифон, во турскиот град Амасија, при уривање на рудник спасени се тројца рудари што беа заглавени под урнатините, и се наоѓаат во добра здравствена состојба, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите до кои дојде новинарот на АА, рударите Олџај Ѓуџек, Адем Ибик и Орхан Кутлуџа останаа под урнатините по катастрофата што се случи вчера во рудник во ова подрачје.

На местото на настанот беа упатени спасувачки, противпожарни и медицински екипи, во чии активности спасени се тројцата рудари и пренесени се во болница.

Се истакнува дека спасените рудари се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Гувернерот на Амасија, Осман Варол, ги посети спасените рудари во болница и доби информации за нивната здравствена состојба.

Варол, во изјава за медиумите, истакна дека заглавените рудари биле итно спасени, дека биле хоспитализирани и дека се наоѓаат во добра здравствена состојба, со мали повреди.

You may also like