Турција: Пожар зафати 24-катница во Истанбул

by Administrator

Голем пожар вечерва зафати 24-катница во областа Кадикој, во азискиот дел на Истанбул, Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Пожарот, чија причина се уште не е позната, зафатил зграда во населбата Фикиртепе во Кадикој. Започна на долните катови, но брзо се проширил од страна кон горните катови на зградата. Противпожарните служби од неколку квартови на Истанбул се на терен и работат на гаснење на пожарот.

Жителите се евакуирани.

You may also like