Турција остро го осуди уривањето на домовите во Источен Ерусалим од страна на Израел

by Administrator

Турција остро го осуди уривањето на домовите на Палестинците во Источен Ерусалим од страна на Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Уривањето на некои палестински куќи во Источен Ерусалим, окупиран од Израел, е нова манифестација на израелската политика за окупација и агресија. Ние остро ги осудуваме ваквите дејства за промена на демографската структура на Ерусалим“, се истакнува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

„Овие нелегитимни дејства, кои ја поткопуваат визијата за решение со две држави, мора веднаш да бидат запрени“, се вели во соопштението и се додава:

„Ја повикуваме меѓународната заедница да го почитува историскиот и правниот статус на Ерусалим и да ги преземе неопходните чекори за заштита на правата на палестинскиот народ.“

You may also like