Сопственикот на три мачки, Мерт Гундоган од турскиот град Кушадаси во западна Турција, откако забележал дека една од неговите мачки не може да оди, одлучил да ја однесе кај ветеринар во Измир. Според ветеринарот Хасан Сари, мачката Пика ја загубила способноста да оди поради блокирање на крвните садови. Но, тоа не значело засекогаш. За да може мачката Пика повторно да оди, требало да се направат неколку операции и да се добие протеза за шепите, што и всушност го направија. – Ги третиравме меките ткива околу еден месец. Потоа направивме ампутација од едната половина на потколеницата и ампутиравме една третина од другата. После тоа, ја дизајниравме протезата со помош на 3D печатач, изјави ветеринарот за АА.

Протезата што ја направиле, додава ветеринарот Сари, била токму она што тие го сакале – По четири месеци тешка терапија, мачката повторно почнала да оди. Моите колеги од клиниката и јас сме многу среќни бидејќи мачката закрепна, изјави ветеринарот Сари. Сопственикот на мачките, Мерт, исто така, вели дека е многу среќен бидејќи неговиот миленик може повторно да оди.


![]()
Anadolija/Balkan News
