Турција: Направени машини од кои ќе може да се земе бесплатни заштитни маски и средство за дезинфекција, на метро станиците

by Administrator

Новиот автоамтски систем им гарантира на патниците во метрото дека соодветно ќе сеопремени да се одбранат од коронавируси во третиот по големина град во Турција (Turkey), Измир (İzmir).

Патниците во метрото ќе можат да добијат бесплатни четири маски за лице и 100 милилитри средство за дезинфекција бесплатно секоја недела со тоа што ќе ги покажат своите картички во машина за вендинг, наречена „масамати“, откако ќе платат такса за метро возење.

Во наредните денови, средството за дезинфекција ќе биде отстрането од пакетот и бројот на маски ќесе зголеми на пет, се вели во соопштението на Општина Измир (İzmir ).

Првата машина за вметнување маски е инсталирана на централно сместената станица Конак. Од следната недела ќе бидат поставени уште 10.

Градоначалникот на Измир, Тунч Сојер (Tunç Soyer) во изјавата рече дека ќе се зголеми бројот на масовното произведање машини, така што жителите на Измир можат да добијат маски поудобно и хигиенски.

Компанијата која ги изработува машините со седиште во Измир, истакна Сојер, изрази гордост и благодарност што локалната компанија успеа да го развие ова решение.

Сојер изрази надеж дека иницијативата ќе биде успешна, истакнувајќи: „Здравјето на Измир доаѓа пред се’ “.

Пишува: „DS“  – Преведува и пренесува „Dubai-Portal“

You may also like