Турција воведува полициски час во текот на викендот и ноќта во работните денови

by Administrator

Турските власти ќе воведат полициски час во текот на ноќта во работните денови, како и во текот на целиот викенд, за да се запре ширењето на коронавирусот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој зборувал заради рекордно зголемување на бројот на лица заразени и кои умираат од ефектите на вирусот корона во Турција во последните неколку недели.

Ердоган истакнач дека на граѓаните нема да им биде дозволено да ги напуштаат своите куќи во работните денови од 21:00 до 05:00 часот.

Покрај тоа, напуштањето на куќата нема да биде дозволено во текот на целиот викенд, односно од 21:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник.

Според турскиот претседател, мерките ќе стапат на сила утре, а забраната за движење нема да важи за одредени сектори, вклучувајќи ги синџирите на снабдување и производството.

(Вијести.ба / СРНА)

You may also like