Турски столар ќе однесе 1.000 рачно изработени играчки за децата во Сирија

by Administrator

Напуштајќи го селото за прв пат по повеќе од една деценија, турски столар ќе патува стотици километри за да им испорача на децата во северна Сирија рачно изработени играчки, пишува Anadolu Agency (AA).Iz Turske krenuo u Afrin kako bi djeci poklonio igračke koje je za njih izradio

Мустафа Алт, кој живее во селото Чајака, кое се наоѓа долж турското црноморско крајбрежје, ќе однесе над 1.000 од своите дрвени играчки за децата што живеат во Африн.

„Не можев да седам тука спокојно додека нашите соседи во Сирија се соочуваат со прогон и угнетување“, изјави Алт за АА.

Тој откако на телевизија видел сириско дете како плаче, одлучил да направи играчки.

Турската хуманитарна организација (ИХХ) ќе го однесе Алт лично да им ги достави играчките на децата во Африн.

„Фондацијата му понуди на Алт да го однесе таму поради неговата љубов кон децата“, изјави локален претставник на организацијата.

„Бев длабоко трогнат од нивниот плач и тага. Го немав напуштено моето село 15 години. Сега заминувам за да ја видам насмевката на децата од Африн“, изјави Алт.

Турција на 20 јануари ја започна операцијата „Маслинова гранка“, чија цел беше отстранување на терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ од Африн. На 18 март, турските трупи и Слободната сириска војска го ослободија централното подрачје на Африн.

You may also like