Турски ММА борци, херои на Виена: Им помогнаа на една стара жена и ранет полицаец

by Administrator

Двајца турски ММА борци, станаа херои на Виена (Vienna), откако на Интернет и социјалните мрежи се прошири видео во кое се гледа како двајцата борци им помагаат носејќи ги до брза помош една стара жена и ранет полицаец, спасувајќи ги нивните животи.

 

Медиумите објавија дека станува збор за Микаил Озен (Mikail Özen) и Реџеп Таип Гултекин (Recep Tayyip Gültekin).

Гултекин рече дека се сретнал со неговиот пријател Микаил Озен (Mikail Özen) во еден дел од Виена популарен меѓу туристите и дека слушнале истрели. Кога се упатиле кон местото од каде доаѓаат истрелите, виделе дека терористот пукал во цивили, пренесува Анадолија (Anadolu).

Тој додаде дека и помогнале на ранетата жена и ја префрлиле во најблискиот ресторан.

Потоа го напушти ресторанот и се спротивстави на напаѓачите.

Потоа го напуштил ресторанот и се спротиставил на напаѓачите.

Застрелан во ногата
„Кога ја пренесовме ранетата жена во блискиот ресторан, терористот ми впери оружје. Потоа се фрлив на земја и се обидов да се превртам. Претпоставувам дека тој имал некое оружје со долга цевка. Еден куршум ме погоди во десната нога, но тоа не беше голема рана. „Влеговме во возилото на еден пријател и тргнавме кон полицијата за да кажеме што се случило“, рече тој.

Тој додаде дека после тоа виделе ранет полицаец на друго место и дека екипите на брзата помош не можеле да пристапат до тоа место поради конфликтот, поради што тој и неговиот пријател, полицаец, го префрлиле во брза помош.

Тие и помогнале на постарата жена да биде безбедна.

„Бидејќи раната на ногата не беше голема, не сакав да одам во болница. Тие ми предложија да ме однесат во болница, но јас не сакав да станам товар затоа што мислев дека ќе има голем број ранети заради конфликтот. Куршумот е сè уште во мојата нога, а сега кога ситуацијата малку се смири, ќе одам во болница“, рече Гултекин (Gültekin).


„Dubai-Portal“

„AJ“

You may also like