Турскиот министер Сојлу: „Уапсен е таканаречениот „емир“ на ДЕАШ за Турција“

by Administrator

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, соопшти дека полицијата во земјата го пронашла и уапсила таканаречениот „емир“ или водач на терористичката организација ДЕАШ за подрачјето на Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).

„Уапсениот таканаречен водач на ДЕАШ во Турција е Махмут Озден, тој планирал напади и во Истанбул. Добивал постојани наредби од Сирија и Ирак. Планирал формирање групи од по 10 до 12 терористи за извршување терористички напади во Турција“, рече Сојлу.

Турскиот министер им се заблагодари на полициските сили за успешно спроведената акција.

Anadolu

You may also like