Турската економија во 2018 година оствари раст од 2,6 отсто

by Administrator

(Дубаи-Портал) Бруто домашниот производ на Турција во 2018 година во споредба со претходната, 2017 година, со раст од 19,1 отсто изнесуваше 3 трилиони 700 милијарди 989 милиони турски лири.

Турската економија во 2018 година оствари раст од 2,6 отсто.

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги објави резултатите од бруто домашниот производ во врска со минатата (2018) година, пресметан со методот на производство.

Според тоа, бруто домашниот производ на Турција во 2018 година во споредба со претходната, 2017 година, со раст од 19,1 отсто изнесуваше 3 трилиони 700 милијарди 989 милиони турски лири.

Додатната вредност на услужниот сектор составен од вкупните активности како што се трговијата, транспортот, сместувањето и услугата со храна забележа раст од 5,6 отсто.

Просечните прогнози и очекувања на економистите за раст на крајот на 2018 година изнесуваа 2,5 отсто.

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во врска со процентите на раст во турската економија изнесе проценки на својата сметка на социјалната мреќа Твитер каде што напиша: „Актуелните податоци за 2019 година укажуваат на тоа дека економијата е влезена во тенденција на брзо опоравување и дека е започната тенденција на умерено опоравување.“

Нагласувајќи дека со заедничко воспоставување на внатрешниот и надворешниот баланс е започнат пад во дефицитот на тековната сметка и инфлационата стапка, Албајрак напомена дека растечкиот извоз и порастот на туристичките приходи ќе бидат главните фактори кои што ќе го хранат растот во 2019 година.

„Доживуваме период од силна координација во економските политики. Со чекорите кои што ќе ги фрлиме заклучно со април во структурната сфера ќе го зајакнеме процесот уште повеќе. Во склопот на новата економска програма ќе се намали дефицитот на тековната сметка, ќе се зголеми производството со додатна вредност, со одлучност ќе продолжиме да ги применуваме нашите политики за зголемување на просперитетот на нашиот народ.“ – истакна министерот за трезор и финансии Берат Албајрак.

Mahir Demişoski

You may also like