(Дубаи – Портал) – Американскиот претсеадтел Доналд Трамп по повод муслиманскиот месец на постот Рамазан приреди ифтар во Белата куќа.
На ифтарот учествуваа дипломатскиот кор на муслиманските земји на задача во главниот град на САД, Вашингтон.
Така меѓу учесниците на ифтарот беше и амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич.
Пред да се премине на ифтар претседателот Доналд Трамп одржа кус говор во кој истакна дека месецот Рамазан е значајна обединувачка вредност за сите мсулимани.
Тој рече: „Во овој посебен временски период кога муслиманите во целито свет го слават месецот Рамазан, за мене претставува понос тоа што сум домаќин во Белата куќа на овој ифтар.“
Претходните претседатели на САД Бил Клинтон, Џорџ В. Буш и Барак Обама се до 2016 година во текот на приближно 20 години во Белата куќа се одржуваа традиционални ифтарски програми.
Потоа со преземањето на претседателската функција од страна на Трамп, тој во првите месеци од својот претседателски мандат фрли низа чекори како што беше и забраната за издавање виза за муслиманите со што ја привлече реакцијата како во САД, така и кај меѓународната јавност.
Трамп кој својата должност во Белата куќа ја започна на 20 јануари 2017 година во првата година не организираше ифтар по повод Рамазан и својот прв ифтар во Белата куќа како претседател на САД го приреди минатата година.
Mahir Demişoski
