Американскиот претседател Доналд Трамп го најави потпишувањето на извршна наредба и и` воведува санкции на Турција и секое друго лице кое може да биде поврзано со „дестабилизирачки активности во северна Сирија“.
Обвинувајќи ја Турција за загрозување на цивилите и загрозување на мирот и безбедноста со операцијата во Сирија, американскиот претседател најави претстојни санкции против турските власти и економијата.
– Јас многу брзо ќе ги зголемам тарифите за челик од Турција за 50 проценти. Исто така, Соединетите држави веднаш ќе ги прекинат трговските разговори вредни 100 милијарди американски долари со Турција, изјавил Трамп.
Тој рече дека акцијата на Турција во северна Сирија ги загрозува цивилите, безбедноста и стабилноста во регионот.
– Бев прилично јасен со претседателот Ердоган дека оваа акција е вовед во хуманитарната криза и дека се создаваат воени злосторства. Турција мора да обезбеди безбеден излез на цивилите, вклучително и верски и етнички малцинства – рече Трамп.
На крајот, Трамп уште еднаш се закани со економските санкции на Анкара.
– Соединетите држави ќе користат агресивни санкции за да ги спречат овие воени дејствија во Сирија. „Јас сум целосно подготвен да ја уништам турската економија во рекордно време ако лидерите на таа земја го продолжат овој опасен и деструктивен пат“, надополнил Трамп.
Акциите на Турција ја забрзуваат хуманитарната криза и ги поставуваат условите за потенцијални воени злосторства, изјавил Трамп.
Statement from President Donald J. Trump Regarding Turkey’s Actions in Northeast Syria pic.twitter.com/ZCQC7nzmME
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 14, 2019
