Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани во четвртокот изјави дека насилството на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег станало „неподносливо“, пренесува Анса.
– Целиот Запад му порача на Израел да се пази од екстремистичките доселеници кои се однесуваат со насилство на Западниот Брег што е неподносливо – рече Тајани на форумот АНСА.
Тајани неодамна изјави дека одговорот на Израел на нападот на Хамас на 7 октомври стана непропорционален бидејќи предизвикува премногу цивилни жртви во Газа.
Тајани, исто така, повтори дека верува дека руските власти се одговорни за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во притвор.
– Некој може да умре од рацете на убиец или од смрт што е предизвикана – рече тој.
– Без разлика дали е предизвикано директно или не, сепак е убиство. Кремљ носи огромна одговорност – рече тој.
(Vijesti.ba / ФЕНА)
