СРЕДБА ПУТИН И КСИ ЏИНПИНГ : Кинескиот претседател сака заеднички отпор на протекционизмот на Трамп

by Administrator

Во текот на вчерашниот ден во Владивосток, на маргините на економскиот самит, рускиот претседател Владимир Путин се состанал со кинескиот претседател Кси Џинпинг. За време на разговорите, Кси му порачал на својот руски колега како сака “Русија и Кина заедно да се спротивстават на протекционизмот и едностраните пристапи за решавање на меѓународните проблеми”. Очигледно, тој мислел на САД и на трговската војна која моментално се одвива меѓу Пекинг и Вашингтон.

Се разбира, поради својата економија, Кина силно се противи на протекционизам кој го претставува Доналд Трамп, а американскиот претседател активно се обидува да ги убеди американските компании да се откажат од производствените капацитети во Кина и да ги пренесат назад во САД.

Се поостриот став на САД спрема Кина неизбежно води кон зајакнување на партнерството меѓу Русија и Кина, но Русија се наоѓа под повисок американски притисок и санкции.

Извори:en.kremlin.ru | Ројтерс

You may also like