Средба Ердоган – Макрон на Самитот на НАТО во Брисел

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со неговиот француски колега Емануел Макрон како дел од неговите билатерални разговори на вонредниот самит на лидерите на НАТО во Брисел, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган се очекува да оствари средба и со британскиот премиер Борис Џонсон, италијанскиот премиер Марио Драги, шпанскиот премиер Педро Санчез и естонската премиерка Каја Калас, по неговиот состанок зад затворени врати со Макрон во седиштето на НАТО.

You may also like