Србин се обидол да прошверцува дрога вредна 9.милиони евра

by Administrator

Триесет и двегодишен Србин е уапсен во неделата вечерта на бугарско-романската граница кога се обидел да прошверцува неверојатни 750 килограми марихуана, во вредност од девет милиони евра.

Според романската гранична полиција, комбе регистрирано во Србија пристигнало на граничниот премин Џурџу, натоварен со бела техника во товарниот предел.

Полицајците извршиле увид и внатре во комбето и пронашле бели вреќи, кои се покажале како исполнети со зелена растителна материја.

По извршената анализа, утврдено е дека станува збор за канабис, а Србинот е уапсен.

Вредноста на дрогата на црниот пазар се проценува на девет милиони евра, соопшти романската гранична полиција.

https://www.facebook.com/politiadefrontiera/posts/2533095720069927

You may also like